Доколку сакате да внесете малку живот на вашата кожа и да ја освежите без да потрошите дополнителни пари, погледнете ги овие 2 рецепти, маски за лице – кои ја хранат и негуваат вашата кожа.

Маска од банана
Оваа маска за лице ќе и даде на вашата кожа здрав, природен сјај, а истовремено е доволно нежна за сите типови на кожа.
Згмечете половина од бананата во сад.
Измешајте со лажица сок од портокал и лажица мед.
Нанесете ја маската на лицето и оставете ја смесата да работи 15 минути.
Исплакнете со млака вода, а потоа нанесете крем за лице.

Маска од какао
Постојат три состојки во оваа вкусна, целосно хранлива маска за лице кои прават чуда за вашето лице. Авокадо, какао и мед. Имено, авокадото делува исклучително навлажнувачки, какаото е одличен смирувачки антиоксиданс за кожата, а медот има антибактериски и антивоспалителни  својства.
Згмечете една четвртина од авокадото во мала чинија.
Промешајте една лажица какао во прав и една лажица мед се додека не се добие компактна смеса.
Нанесете ја маската на чиста и сува кожа и оставете ја да отстои 10 минути.
Исплакнете со топла вода, а потоа нанесете ја вообичаената хидрантна крема.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗдолништа “молив”: најубави модели за пролет/лето 2020 година!
Следна објава20 минути вежби за совршено тело
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР