Денес е 1 април, Светски ден на шегата, кој се слави со векови, но неговото потекло е нејасно.
Постојат различни толкувања, а едно од нив е дека овој вид „народен празник“ се појавил кон крајот на средниот век во Европа како „ДЕН НА СИТЕ ЛУДИ“, кој претставувал општо народна веселба.

Англичаните сметаат дека Денот на шегите е земен од Исток, а 1 април го нарекуваат „Ден на будалите“.


Финците тој ден го поврзуваат со пролетното подучување на децата како да работат на фарма, а слично е и во Швајцарија. Се верува дека корените на овој „празник“ достигнуваат назад кон антички Рим, познат по тоа што неговите жители умееле да се забавуваат добро време смислувајќи различни шеги.

Многумина мислат дека овој обичај се појавил во 16 век во Франција, околу 1564 година, а за тие кои биле намаменети, порано велеле дека добил „априлска риба“.

Еден вид традиција на шега се одржува и во холандскиот Ајндховен на 1 април, весниците се натпреваруваат за објавување на „ексклузивни“ новости, како на пример доаѓање на некои светски државници во градот, болести, експерименти и сл.

FRANCE – CIRCA 1900: April fool. (Poto by Roger Viollet Collection/Getty Images)

Германците сметаат дека 1 април е ден кога се ранливи, а своите лоши чувства ги поврзуваат помалку со невкусни шеги, а повеќе со традицијата дека апостол Јуда, предавникот на Христос, се родил на 1 април.

Според традицијата во многу земји, луѓето можат да прават шеги до пладне на 1 април, но ако тоа го сторат по тоа време, тогаш тие самите стануваат Априлски будали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКокосовото млеко помага во борбата против бактериите и вирусите!
Следна објаваЧудо на природата
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР