Иако сите знаеме колку е важна редовната физичка активност, никако да започнеме со вежбање иако сме го направиле тоа сто пати.

Може да создадете навика за тренинг исто како и за секоја друга – со помош на воља, мотивација, самодисциплина, конзистентност и време.

Ова се 3 начини да пронајдете мотивација за вежбање …

 

Вежбајте пред огледало
Огледалото ви е голем сојузник во овој случај, затоа што пред сè, можете да видите дали ги извршувате сите вежби правилно, а во исто време ја следите контракцијата на мускулите, замислувате како сè функционира, како што треба и ве доведува до посакуваните резултати.

Направете распоред на тренингот
Обидете се да одредите кој ден што ќе вежбате. Ако вежбате со помош на програма преку Интернет, тоа многу ќе ви помогне. Доколку самите ги организирате тренинзите, прво треба добро да се распрашате на кои начини треба да тренирате за да ги добиете резултатите што ги сакате. Направете распоред за тренинзите, така што секој ден ќе го имате тоа решено, без да потрошите време и енергија за смислување на програмата.

Пратете го напредокот
Ако целта ви е да работите напорно, ќе почувствувате напредок со тоа што ќе можете да направите повеќе повторувања, потешки вежби и да имате поголема кондиција. Соодветно на тоа, прилагодете го интензитетот на тренингот. Ако вашата цел е да изгубите тежина или да обликувате одредени делови од вашето тело, слободно фотографирајте се на неколку недели и пратете го напредокот.

Нема поголема мотивација отколку да се види дека она што го правите дава резултати.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР