Антон Павлович Чехов – раскажувач, романописец и драмски писател
припадник на правецот натурализам.
Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“.

Рускиот писател Антон Павлович Чехов, во писмото што некогаш му го испратил на својот помлад брат, дал важен совет во кој му открил што треба да направи човекот за да биде прифатен меѓу образованите луѓе.

Прво и најважно, тој мора да биде културен.

– Тие ја почитуваат човековата личност и затоа секогаш се љубезни, внимателни и спремни да направат нешто за другите.

– Тие се сочувствителни кон сите, не само кон просјаци и мачки. Исто така, тие се грижат за она што не се гледа и се подготвени да се жртвуваат за да им помогнат на другите.

Го почитуваат имотот на другите и затоа ги враќаат своите долгови.

– Тие се искрени и ги презираат лагите. Тие дури и не лажат кога станува збор за малите работи. Лагата го навредува слушателот и го уништува во очите на говорникот. Не позираат, тие го прават истото на улица и во нивниот дом, не се прават важни пред скромните пријатели.

Тие не се склони да разговараат или да ги оптеретуваат другите со своите провокативни исповеди. Од почит кон туѓите уши, тие молчат повеќе отколку што зборуваат.

– Ако имаат некој талент тие го почитуваат. Заради него жртвуваат одмор, романса, забава, суета. Тие се горди на својот талент, но и многу му се посветени.

– Имаат развиено чувство за убаво, естетско. Не одат на спиење во облека, тие одржуваат чист простор за живеење.

Внимаваат многу како да ги контролираат нивните нагони и не гледаат само сексуален предмет во спротивниот пол. Тие се стремат кон оригиналност, отменост, хуманост, восхитувајќи се на мајчинските чувства.

Тие не играат на карта на сожалување за да привлечат внимание. Тие не велат „Никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“ затоа што тоа се ефтини и вулгарни трикови.

Тие не пијат постојано, туку пијат алкохол само во посебни прилики затоа што веруваат дека не се свињи. Се држат до начелото „mеns sana in corpore sano“ – во здраво тело здрав дух.

Вака изгледаат културните луѓе. За да биде човекот културен не е доволно да чита популарни романи и да го посетува театарот.
Тој постојано мора да работи дење и ноќе, да чита, да учи, да се труди … и веднаш да ја отфрли суетата, затоа што секој изгубен час се брои “, го завршува своето писмо Чехов.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖолтата боја ќе ја одбележи пролетта!
Следна објаваТејт Модерн ја отвора ретроспективната изложба на Енди Ворхол!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР