Фитнес експертите ширум светот велат дека постојат одредени правила кои мора да ги следите ако сакате да стекнете тонус на мускулите.

Повеќето луѓе кои започнуваат да вежбаат очекуваат добар тонус на мускулите уште од самиот почеток, но важно е да се знае дека е потребно време и соодветно вежбање за да се избегнат повреди или здравствени проблеми.

Подолу ви даваме 4 совети со кои сигурно ќе дојдете до совршена фигура, за да можете да го следите секој тренинг.

Концентрација
Кога станува збор за тонусот на мускулите, треба да работите вежби кои се коцентрираат на специфични мускулни групи и наместо тегови, треба да го користите вашето тело како тежина.
Секогаш форсирајте одредена група на мускули на телото со вежби за обликување на истите.

Разновидност
Дури и ако одлучите да работите напорно и да се фокусирате само на една мускулна група, постојано треба да ги менувате вежбите кои ги изведувате.
Она што секој треба да го има во предвид е дека мускулите имаат меморија и по некое време се навикнуваат на одредено движење кое на крајот престанува да го има посакуваниот ефект.
Покрај тоа, треба да третирате различен група на мускули секој ден за да не се префорсирате.

Повеќе повторувања
Секоја вежба треба да се изведе минимум 15 до 20 повторувања во еден сет.
Кога изведувате вежби кои имаат премногу повторување, не ви треба преголемо оптеретување, бидејќи по некое време ќе биде тешко да го извршите самиот тренинг, а дополнителното оптоварување би довело до неправилни перформанси.

Кардио
За време на голем стрес, мускулите треба да се истегнуваат бидејќи истегнувањето го зголемува протокот на крв во мускулите и ги прави еластични.
Најмалку двапати неделно вклучете индивидуални кардио вежби и вежби за истегнување во вашата рутина.
Кардиото ќе ви помогне да согорите вишок килограми, а истегнувањето ќе им даде на мускулите убав облик.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМода во Њујорк!
Следна објаваНеделна програма во Јавна соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР