Почитувани пријатели,
Со голема чест и задоволство ве покануваме на промоција на стихозбирката „На погрешната страна“ на Пајо Авировиќ, во среда, на 26-ти февруари 2020 година, во Музеј на македонската борба, од 19:00 часот.
Промотори на книгата ќе бидат Sвездан Георгиевски и Владимир Мартиновски.

– Стихозбирката „На погрешната страна“ е своевиден амалгам на вештината на управување со зборот на авторот и насобраната мудрост, пренесена преку кристално чисти и бескрајно хумани пораки. Стиховите на Авировиќ никого нема да остават рамнодушен. Тие удираат директно во стомакот и срцето, при тоа интензивно делувајќи врз мозочните клетки. Со други зборови, „На погрешната страна“ го има оној непроценлив квалитет, неопходен за секоја врвна уметност – ве тера на размислување, при тоа приредувајќи ви непроценливо естетско искуство – вели Sвездан Георгиевски во рецензијата за книгата.

Пајо Авировиќ е роден во Скопје во 1966 година. Дипломирал ориентална филологија во Сараево и работел на универзитетите во Сараево и во Белград. Бил постојан соработник на неделникот „Пулс“.
Од 1997 година е во македонската дипломатска служба, каде што извршува повеќе одговорни функции, во МНР и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Службувал во Париз, Њујорк и Тел Авив.
Автор е на романот „Џахиз и истребувачите на кучиња“ за кој ја добива наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ во 2005 година. „На погрешната страна“ е негова втора книга и прва збирка поезија.

Гледано од брегот
Морето е поделено на две бои:
Блиску до нас луѓето е црно
Како да ги испило сите валканици на светот
Од средината е веќе небесно сино
Далеку од нас е вистинско море
Црно за луѓето сино за галебите
Што вреди и да сме на вистинската страна на историјата
Кога сме на погрешната страна на морето

Илустрацијата и дизајнот на корицата е на Зоран Кардула.

Повеќе за книгата можете да прочитате на нашата интернет страница.

Со почит,
Издаваштво „Чудна шума“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрограма во Јавна Соба
Следна објаваЕлена Лука ја промовираше новата колекција венчаници на Саемот за венчавки
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР