Минатиот викенд беше во знакот на 10-от Саем за венчавки што се одржа во хотелот Александар Палас, каде голем интерес предизвика раскошниот штанд на модната куќа Елена Лука. 

Модниот бренд ја промовираше својата нова, ексклузивна колекција венчаници која го освои вниманието и симпатиите на идните невести, кои на себе ги пробуваа своите омилени модели. 

Романтични венчаници во лелеави кроеви, елегантни со линија што ја следи силуетата, неконвенционални со асиметричен израз, луксузни материјали, уникатни рачни доработки, како и авангардни венчални фустани со волуменозни карнери се само дел од приказната од новата колекција за актуелната сезона. 

Сите невести што немаа можност да го посетат саемот, Елена Лука ги очекува во своите ателјеа во Скопје и Струмица каде ќе биде изложена и достапна за продажба новата ексклузивна колекција на венчални фустани. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПромоција на стихозбирката „На погрешната страна“ од Пајо Авировиќ
Следна објаваЗадолжителни пролетни сандали!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР