Денес, нездравите диети убиваат повеќе луѓе отколку цигарите.
Научниците откриле дека недостатокот на важни хранливи материи може значително да го оштети нашето здравје, па затоа некои производи за кои сметаме дека се здрави можат да имаат деструктивно влијание врз нашите тела.

Овие 4 намирници се сметаат за здрави, а прават повеќе штета на вашето тело отколку цигарите.

Житните снегулки отсекогаш се сметале за лесно решение за здрав и хранлив појадок. Сепак, не сите житни снегулки, имаат ист добар ефект. Повеќето од нив се изработени од рафинирани зрна. За време на овој процес, житарките губат значителна количина на растителни влакна и други состојки кои ви помагаат да останете сити и полни со енергија.

Да не зборуваме за огромната количина шеќер што им се додава за да го направат вкусот подобар и попривлечен за децата. Зголемениот внес на шеќер може да предизвика дијабетес, срцеви заболувања и дебелина. Наместо житарки, консумирајте овесна каша или цели интегрални житарки, кои содржат доволно влакна за да ве заситат и да ви дадат енергија.

Сокови од свежо овошје
Овошјето се смета за здраво за нашата исхрана, а свежите сокови се лесен начин за внесување на дневна доза овошје. Сепак, во својата течна форма, овошјето ги губи повеќето свои корисни елементи, како влакната, кои играат клучна улога во спречувањето на дијабетес, срцеви заболувања и дебелината. Покрај тоа, неконтролираното консумирање овошен сок всушност може да доведе до овие здравствени проблеми заради количината на шеќер што ја содржат. Всушност, некои од нив имаат онолку шеќер колку што има лименка на Кока-Кола.

Суши
Самото суши не е штетно. Но, проблемот се различните состојки и адитиви кои се додаваат на него. Многу ролнички денес содржат мајонез, крем сирење, сосови и други состојки кои ја зголемуваат хранливата вредност на сушите и прават да една ролна има калориска вредност доволна за целиот ден. За да избегнете проблем со тежината, одберете едноставни ролни со лосос или пробајте сашими.

Соја
Сојата може да биде штетна за вашето здравје, како и екологијата. Повеќето соји се генетски модифицирани, што значи дека е тешко да се добие од нив ветената хранлива материја. Друг проблем со сојата е високата концентрација на растителни естрогени кои ги зголемуваат нивото во вашето тело и го нарушуваат вашиот менструален циклус. Од истите причини, внесот на соја обично се поврзува со зголемена активност на тироидниот хормон, што може да доведе до неочекувано губење на тежината и зголемено потење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова модерна колекција на очила!
Следна објаваАплицирајте на Airbnb и поминете го денот на вљубените во куќата на Јулија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР