Љубовта е чудна работа. Кога сте вљубени, мислите дека сте на седмо небо и земјата и нејзините жители се далеку под вас.

Сепак, во денешно време, идејата за љубов и нејзината дефиниција зазема сосема ново значење, што го докажа јапонскиот милијардер Јусака Маезава. Имено, тој има намера да најде љубовта која би одела со него на Месечината.

Тој одлучил да го посети Земјениот сателит, но сфатил дека не сака тоа да го стори сам.

Тој сака да се прошета на Месечината држејќи ја за рака неговата животна партнерка, која сè уште не ја избрал. Да појасниме: Маезава планира да биде дел SpaceX од девственото патување на Месечината. Четириесет и четиригодишниот маж, планира да биде првиот „турист“ во ракетата “Starship„.

Која и да му се придружи во оваа приказна, ќе биде првата жена што ќе патува на Месечината. Исто така, мора да нагласиме дека тој веќе ги резервирал своите места, а дамата која му се придружи ќе добие светска слава и можност да ја погледне нашата планета од сосема друг агол.

Неговиот процес на избор на животна партнерка започна со објавување порака на неговата страница, во која се вели дека тој сега прима апликации од слободни жени од 20 или повеќе години кои сакаат да уживаат потполно во животот, кои се позитивни и имаат позитивна личност и која со задоволство ќе му се придружи во вселената. Ситуацијата ќе стане уште поинтересна, бидејќи тој во моментот изработи емисија која ќе го следи неговиот процес на селекција.

Која сака, нека се пријави!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЏенифер Лопез и Кендал Џенер во футуристичка реклама за Версаче!
Следна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР