Иконскиот фустан што го носеше Џел Ло, доби сосема различно значење …

После нејзиното незаборавно појавување на модната ревија Версаче пролет / лето 2020 што се одржа во Милано во септември, Џенифер Лопез повторно се здружи со познатата италијанска модна куќа за да се појави во нивната нова кампања. Позирајќи пред објективот на Мерт Алас и Маркус Пиго, Џенифер Лопез и Кендал Џенер носеа костуми, фустани и луксузни додатоци. Лопез изјави:

„Кога станува збор за мојата кариера, славниот фустан на Версаче одбележа еден момент на времето. За мене, сонот се оствари, а тоа е што повторно соработував со мојата пријателка Донатела на оваа прекрасна кампања “.

Покрај тоа, таа и Кендал Џенер ни го претставија целиот асортиман на чевли со ремени и драматични деколтеа, заедно со минималистички чанти.

Што се однесува до машкиот дел од колекцијата, во понудата се повеќебојни   свилени кошули, тексас јакни и костуми со дизајни на автомобили.

Деталниот поглед на кампањата можете да го погледнете во нашата галерија и во видеото подолу:

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспирација: Најубави модни додатоци од колекцијата Chanel Metiers d’Art!
Следна објаваЈапонски милијардер бара животна парнерка со која ќе патува на Месечината!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР