Пријателството честопати се зема здраво за готово, но како и кај љубовните врски, емоционалната приврзаност со друго лице се создава преку комбинација на сличности и меѓусебно разбирање.

Пријателството не може да биде присилно, тоа е спонтано. Можеби понекогаш и самите сте се чувствувате незрело и сте имале несакани чувства кон вашите пријатели, кои знаат често да ви предизвикуваат чувство на вина и незадоволство од себе, но често се случува и конкурентност на другата страна кон вас. Дали некогаш сте се запрашале како изгледа здравата конкуренција помеѓу пријателите?

Пријателите треба да се чувствуваат конкурентно затоа што тоа ве поттикнува да постигнете поголеми достигнувања, но понекогаш, тоа не е во здрави граници. Ако често забележите дека вашиот пријател прави се што и вие, а нагласува дека тоа го направил подобро од вас, тогаш нешто не е во ред.

Пријателството е близок однос и треба да научиме како да ги прифаќаме непријатните чувства, а сепак да се отвориме пред другата личност. Ако сте вознемирени од однесувањето на вашата пријателка, кажете и, немојте да го задржувате во себе, затоа што тоа ќе создаде негативни чувства кои на крајот можат да доведат до крајот на дружењето.

Разговарајте за вашите несогласувања и поставете здрави граници за да избегнете чувство на повреденост, лутина и вина. Ослободувачко е искуството да сфатиме дека можеме да се сакаме себеси како несовршени, но и другите како несовршени суштества.

Никогаш не треба да ги скриете своите чувства за да не и наштети на другата личност а и на крајот, ако другата страна не е подготвена да прифати критика, тогаш таа не треба да биде во вашиот живот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗемјите од G-7 потпишаа еколошки договор со 20 модни брендови за спас на планетата
Следна објаваСтан во Њујорк – инспирација: Мексико и кактуси
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР