Авокадото се смета за супер храна заради големите здравствени придобивки, а да не зборуваме за неверојатниот вкус и текстура.

Авокадото, содрши многу витамини и други хранливи материи, а постојат неколку различни методи за конзумирање и користење на ова овошје – од маски за лице до вкусен сладолед, па дури и до боја за ткаенини.

Со текот на годините, авокадото стана исклучително популарно, а ширум светот значително се зголеми неговото производството.

Авокадото содржи повеќе калиум отколку бананите, а калиумот е исклучително добар за регулација на крвниот притисок. Исто така, содржи многу здрави мононезаситени масти кои се составен дел на секое здраво дете.

Половина авокадо содржи помалку калории од едено мало пакување на кикирики и малку помалку калории од едно парче чедар кашкавал. Исто така, авокадото содржи фолна киселина која е од огромно значење за сите жени кои се бремени или кои имаат намера да имаат деца во блиска иднина.

Ова овошје се смета за суперхрана, бидејќи изобилува со витамини, минерали, антиоксиданти и други фитохемикалии. Мононезаситените масти го забрзуваат метаболизмот и индиректно го спречуваат прејадувањето, а исто така создаваат чувство на ситост.

Авокадото е исто така познато и по тоа што содржи лутеин и зеаксантин, кои се добри за здравјето на очите, а исто така го спречува појавувањето на бројни кардиоваскуларни заболувања.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСара Мисајловска ќе ја претставува Македонија на светскиот натпревар во АЦА во Њујорк
Следна објаваСовршен летен маникир!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР