Има мал милион работи што треба да ги направите пред вашиот летен одмор  …

Иако секоја година со нетрпение го очекуваме одморот, тој секогаш се појавува одеднаш. За време на одморот, сите сакаат да се чувствуваат поубави и позадоволни со цел да се подготвени за сите активности кои доаѓаат. Ако немате доволно слободно време за работа на вашиот летен изглед, ова се третмани кои можете да ги направите за да се чувствувате подобро:

ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Лимфниот третман работи така што го отстранува вишокот на течности во телото и ја стимулира циркулацијата. Помага во намалување на обемот на абдоменот и нозете, а во исто време ја зајакнува кожата.

МАНИКИР И ПЕДИКИР

Летото е во знакот на боите, тоа важи и за вашите нокти. Освен средување на ноктите, ќе добиете релаксирачка масажа и пилинг кој ги отстранува мртвите клетки од кожата на вашите раце и нозе.

ТРЕТМАНИ ЗА КОСА

Посетете го вашиот фризер. Скратете ја малку косата, додадете неколку прамени за да го освежите вашиот изглед и направете неколку третмани за заштита на вашата коса пред изложување на сонцето, морето и ветерот.

СПРЕЈ -ТЕН (овој по ваша желба)

Сите ние се чувствуваме подобро кога сме исончани. Но, и сите сме запознаени со фактот дека солариумот е штетен за кожата. Тоа е причината зошто ние препорачуваме спреј тен, кој што веднаш ќе направи да изгледате исончани а ќе трае една недела.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПромоција на “Зимски распуст” од Хилдур Кнутсдотир, најпознатата исландска авторка за деца
Следна објаваDIOR: Нова летна кампања 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР