Свадбената индустрија никогаш не била поголема, но се повеќе и повеќе млади луѓе бегаат да стапат во брак.
Свадбените фустани стануваат се повеќе раскошни и луксузни, а славењето се по екстравагантно. Притисокот на социјалните мрежи е се поголем и создава непотребен притисок на младите дека нивната венчавка треба да биде гламурозна, иако можеби тие тоа и не го сакаат.
Како резултат на тоа, се повеќе парови избираат да побегнат некаде, за да стапат во брак. Во англискиот јазик постои израз кој се користи кога зборуваме за бегство заради венчавка – eloping.
Eloping целосно го отстранува притисокот на свадбеното планирање, па за него се одлучуваат современите двојки кои сакаат да се дистанцираат од помпа, притисок и традицијата на класичната свадба.
Станува збор за бегство од еден настан кој се чини дека е архаичен за многумина, а непријатен за другите. Самиот чин на венчавката младите сакаат да остане што е можно поинтимен и личен, па често на самата венчавка се само тие без кумови.
Многумина ќе речат дека eloping ги поместува границите, но модерните парови не ги познаваат границите и прават како им се сака за себе, а не за другите.




![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










