Изборот помеѓу пес и мачка може да открие многу за вашиот карактер, а резултатите од неколку истражувања извршени во текот на последните неколку години покажаа дека сопствениците на мачки се поинтелигентни од сопствениците на кучиња.
Во исто време, истражувањата покажаа дека сопствениците на кучиња се подруштвени личности…

Нашите домашни миленичиња се одраз на нашиот животен стил. Иако се верува дека мачките се себични и дека бараат мазење и внимание, вистината е сосема поинаква.

Истражувањата покажаа дека постои посебен однос меѓу мачките и нивните сопственици и дека мачките им помагаат на нивните сопственици да се справат со стресот, да ги надминат тешкотиите и да се справат со загубата.

Љубителите на кучиња се поекстровертни и помалку невротични од љубителите на мачките. Сопствениците на мачки се независни и претпазливи во друштво, имаат тесен круг на пријатели на кои им веруваат безусловно, но во исто време тие се отворени за нови искуства.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР