Холандската компанија The Fabricant неодамна го продаде првиот дигитален фустан наречен “Iridescence” за 9.500 долари.
Овој фустан, кој постои само на интернет, беше креиран од Dapper Labs и уметницата Johanne Jaskowske.

Фустанот “Iridescence” е создаден со помош на 2D калапи кои се користат за конвенционална облека и софтвер за 3D дизајн. Со дополнително рендерирање, создадена е оваа хиперреална облека.

Продаден е на аукција која се одржа на самитот Ethereal во Њујорк и беше прогласена за “прво couture модно парче во светот”.

“Глобалните брендови на пазарот на реалниот свет на облека се натпреваруваат за влез во дигиталниот моден простор за да се поврзат со генерацијата Z”, истакнаа претставниците на The Fabricant.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКоја е разликата помеѓу сопствениците на кучиња и мачки?
Следна објаваКои фармерки се носат оваа сезона?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР