Ако сте во долга врска, тогаш веќе сте забележале дека многу работи се менуваат, а некои остануваат потполно исти.

Некои парови паѓаат во токсична рутина, додека други си помагаат меѓусебно да растат и да развиваат најдобра верзија од себе.

Паровите кои сакаат да преживеат и да одржат здрав и функционален однос, редовно се поттикнуваат еден со друг и знаат дека е важно да имаат живот надвор од врската. Многу двојки токму тука ја прават грешката, мислејќи дека мора да поминат многу време со својот партнер и да се фокусираат само на него.

Кога двојките премногу се потпираат еден на друг, тие го намалуваат кругот на луѓе околу себе и создаваат проблем за себе. По некое време, ќе бараат еден од друг да ги задоволи сите потреби кои ги имаат, на пример, тие ќе сакаат еден во другиот да го пронајде и пријателот и партнерот и сето она што го пропуштаат бидејќи се во врска.

Двојките треба да се фокусираат на поттикнување еден со друг за одржување на врската, работата и живот надвор од врската, со цел да имаат што е можно подобар однос еден со друг.

Здравите парови имаат навика да ги решаваат проблемите веднаш и без преголеми детали, а никогаш не дозволуваат гневот да се зголеми меѓу нив.

Успешните двојки, исто така, знаат дека е важно секој од нив на кратко да оди на пат, да измисли некоја активност, да се обидат со нова поза во сексот, да волонтираат или да одат во нов ресторан. Сите овие мали нешта се тие ситници кои ја одржуваат  врската успешна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПринцот Хари и Меган Маркл го покажаа својот син!
Следна објаваЛетен хит: Тетовирањето со бело мастило!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР