Скандинавскиот стил го дефинираат три главни карактеристики: функционалност, едноставност и убавина. Истиот плени со својата едноставност во уредувањето. Го красат чисто линии и беспрекорна а ненаметливна елеганција.

Малку е познат фактот дека скандинавскиот стил и не бил признат се до 1950 година, кога Европската Асоцијација на Архитекти им доделила неколку признанија на поеддини скандинавски архитекти. Неколку години подоцна овој стил на архитектонско уредување станува се по популарен ширум Европа.

Една од најдобрите работи кога станува збор за овој вид на уредување е тоа што тој лесно се вклопува во секој дом , посебно кај љубителите на едноставно уредените стамбени простори. Во прилог на овој текст ние издвоивме неколку архитектонски решенија во скандинавски стил кои може да ви помогнат како иснпирација во уредување на вашиот дом.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР