Три кореографии и музика изведена на сцена – Танц Фест публиката во МНТ имаше прилика да ужива во делата на млади македонски танчери и музичари. Пред полната сала, со свои дела се претставија младиот кореограф Дејан Битровски, кореографија „Луцидниот Јос“ (музика на ДулеЛуд) и Адријана Данчевска, кореографија „Скеч“ (музика на ВЕРКА). Кореографијата „Фенси сме“ беше со потпис на Рисима Рисимкин, а музиката беше изведена на сцена од Виктор Филиповски и Владимир Трпчески.

„Танц Фест досега беше домаќин на многу интернационални танчери и кореографи, извонредни млади уметници, но покрај тоа, вечерва покажа само мал дел од потенцијалот со кој располага оваа земја, а кој е вистинско богатство. Скопје Танцовиот Театар е нешто во што несебично вложуваме веќе долг низ години и ќе продолжиме во иста насока. Артикулираме порака која се надеваме дека конечно ќе биде слушната на вистинскиот начин. Според посетеноста и реакцијата на публиката, современиот танц може да има светла иднина како дел од оваа култура, а културата е насловна страница на секое општество“, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест.

Со годинешното, јубилејно издание на Танц Фест се одбележуваат 15 години негување и активна работа на афирмација на современиот танц во земјата, преку континуирано творење и обучување млади кореографи и танчери за продолжување на веќе поставената традиција.

Целосната програма за Танц Фест е достапна на официјалната веб страница на фестивалот – www.dancefestskopje.com

СПОДЕЛИ
Претходна објава„ВТОРА ШАНСА“ Е ЖЕНСКИ ФИЛМ ЗА СИТЕ НАС
Следна објаваУбавината е во едноставноста, скандинавски архитектински стилови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР