Хелен Мирен е една од најомилените актерки денес. Британка кој нема влакна на јазикот. Покрај нејзините улоги и изглед, таа нè восхитува и со ставовите кои ги пропагира.

Се навикнуваме на “теророт на младоста” и пластичната убавина, а Мирен ни покажува како може да биде поинаку – со помош на работа, став и достоинство. Таа не се плаши да каже што мисли и знае тоа да го каже артикулирано, и токму во целта.

Ова се некои од нејзините нај запаметени цитати што ќе ве инспирираат да бидете послободни и свои.

1. Сега кога сум на 73 години, тоа што им го советувам на помладите е слободно да  кажат “fu.. оff” и тоа почесто.

2. Сè уште го имам она “циганско” чувство за авантура. Мислам дека не сум спиела во ист кревет повеќе од три или четири месеци во целиот мој живот. Секогаш садам зеленчукови плодови чии плодови на крајот не ги јадам и цвеќиња, кои нема да ги видам како цветаат. Постојано се селам по целиот свет.

3. Целата работа околу облекувањето е луда. Можете да потрошите и само еден долар на јакна во некој мал бутик, на пр. “second-hand”. И можете да потрошите илјада долари на јакни во некој трговски центар. И ако ги видите овие две јакни на некои личности, кои одат еден покрај друг, најверојатно нема да знаете која каде е купена.

4. Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имам деца, што немам, првото нешто што ќе ја научам мојата ќеркичка е зборот “Fu.. оff”.

5. Најтешкиот период во животот се дваесеттите години. Тоа е таква штета, затоа што тогаш сте прекрасни и физички во најдобра кондиција. Но, тоа е исто така и период кога сте најнесигурни и полни со сомнеж во себе. Кога не знаете што ќе се случи, тоа е застрашувачко.

6. Јас сум тип на човек кој се “облекува во second shop продавница, но дома отворам шише шампањ.

7. Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби тие одбиваат да го кажат тоа, но ако земете било која жена, да се врати 40 години на назад : “Дали е ова свет во кој би сакале да живеете?” Таа би кажала “Не”.

8. Чудна работа е тоа, ви станува се попријатно во вашата кожа, дури и кога времето ви дава се помалку причина за тоа. Кога сте млади и убави, вие сте параноични и јадни. Мислам дека една од најголемите предности на стареењето е дека се ослободувате од некои работи.

9. Моите четириесетти години беа добри. Педесетите сјајни. Шеесеттите фантастични. А седумдесеттите години се проклето феноменални..

10. Цел живот гледав девојки од 16-годишни како ја продаваат убавината, па си мислам, дека сега е неверојатно што жените од 70 години рекламираат производи за жени од 60 до 80 години.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJust Cavalli ја претстави новата кампања пролет/лето 2019!
Следна објаваЧоколадни коцки со бонбони од слез!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР