Лиснато тесто со спанаќ и фета сирење

Мали погачици со спанаќ се одличен оброк за дома но и оброк  кој можете да го носите со себе на работа …

Се подготвуваат многу брзо од лиснато тесто и се идеални за појадок.

Потребни состојки:

Едно пакување лиснато тесто

Маслиново масло

Еден кромид

Еден страк праз

2 чешниња лук

500 грама спанаќ

2 јајца

30 грама фета сирење

сок од половина лимон

сусам

Начин на подготовка:

Кромидот и празот ситно исечете ги и прелијте ги со маслиновото масло.

Додадете го сечканиот лук и динстајте на маслиновото масло неколку минути. Додадете ги листовите од спанаќот и динстајте додека водата не испари.

Во динстаниот спанаќ додадете едно јајце, сок од лимонот и сирењето. Измешајте добро и оставете ја сместата на страна. Загрејте ја рерната на 200 степени. Тестото малку истенчето го и исечето го на квадрати со големина од 5-6 сантиметри. Разделете го секој квадрат на 4 дела со нож.

На секое парче од тестото, ставете од смесата со спанаќ и сирење и преклопете ја на другата страна. Притиснете го работ со вилушка за да се затвори добро.

(По желба, додате по една половинка орев на секоја погачица.)

Премачкајте ги погачиците со матено јајце и додадете малку сусам пред печење. Печете ги додека не поруменат.

Добар апетит!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОбединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје
Следна објаваЏенифер Лопез и Алекс Родригез во нова модна кампања!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР