Ако имате дијабетес тип 2 и сакате да му направите услуга на вашето срце, новата студија сугерира дека треба да употребувате ореви и бадеми во вашата исхрана.

Луѓето со дијабетес тип 2 кои земале ореви пет или повеќе оброци неделно, го намалуваат ризикот од развој на срцева болест од близу 20 проценти во споредба со луѓето кои јадат помалку ореви.

Консумирањето на ореви за време на пет или повеќе неделни оброци исто така го намалува ризикот од предвремена смрт заради срцеви заболувања или било која друга причина за една третина, особено кај луѓе со дијабетес тип 2.

Но, се чини дека сите јаткасти плодови не ги даваат истите резултати. Јаткастите  плодови што растат на дрвја обезбедуваат повеќе бенефиции за здравјето на срцето од кикириките и слични плодови кои растат на земјата или под земја.

Наодите укажуваат дека консумирањето на одредени јаткасти плодови, особено оревите, е корисно за превенција од кардиоваскуларни болести и прерана смрт кај луѓето со дијабетес.

Корисни јаткасти плодови се: ореви, бадеми, индиски ореви, ф’стаци, лешници и слично.

Истражувањето било финансирано од Националниот институт за здравство на САД

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајмодерни пролетни Louis Vuitton сандали!
Следна објаваНезапамтен интерес за првиот соло концерт на Влатко Лозановски во Скопје
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР