Функионалното не мора да биде и досадно, е  еден од слоганите на креативниите умови и творци на Баухаус движењето, кое оваа години слави еден век од своето постоење.

Со повеќе од 700 настани ширум Германија, германските и странските медиуми ќе и го претстават на публиката движењето кое датира во периодот помеѓу двете светски војни, а кое можеби е едно од најзначајните културни архитектонски и воопшто уметнички движења кои се појавиле во поновата историја.

Оскар Шлемер, Пол Клее, Василиј Кандински, Лајонел Фенингер, Валтер Гропиус се само мал дел од плејадата на авторите кои речиси делувале во скоро сите гранки на уметноста. Нивниот заеднички сон датира од 1919 година кога Валтер Гропис го оформил првото училиште за архитектура. Се до 1933 овие слободумни уметници делувале на територијата на Германија. Појавата на нацизмот не ги спречил воопшто, туку тие почнале да делуваат и пошироко, надвор од својата земја. Слободата на размислување и делување преставувала најголемата пречка во тогашното полилитичко и општествено едноумие.

Сликарството, архитектурата, фотографијата, филмот, дизајнот, типограгијата, танцот, сите овие уметнички гранки биле трансформирани со подсрество на авангардните уметници и нивната сосема една нова логика на нештата. Нивната идеја била да спојат убавото и функционалното, а го направиле со многу такт и вкус, и сето тоа во синтеза на уметноста, занаетчиството и индустријата.

„Дизајн не е само она што го гледате и чувствувате. Дизајнот се однесува и она како нешто функционира“. Ова можеби звучи како слога на Bauhaus школата, но всушност е цитат на оснивачот на Apple. Имено, Стив Џобс верувал дека формата треба да ја селди функцијата, тоа е очигледно и во светот на дизајнот и технологијата на кој тој му припаѓал.

Германија слави еден век од основањето на школата Баухаус. Иако постоела само 14 години, легендарната школа има влијание и во денешницата. Таа важи за најефектниот извозен производ од германската култура во 20 век.

Валтер Гропиус (18 мај 1883Берлин – 5 јули 1969 Кембриџ, Масачусетс)  германски архитект, познат како основач на Баухаус.

Лудвиг Мис ван дер Рое (27 март 1886 – 17 август 1969) — истакнат германски архитект,еден од основачите на Баухаусот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР