Марк Ротко, роден Маркус Јаковлевич Роткович е роден на 25 септември, 1903 година – 25 февруари, 1970), е американски сликар со руско еврејско потекло. Иако самиот Ротко одбиваше да биде поврзан со било кое движење во уметноста, тој најчесто е идентификуван како апстрактен експресионист. Покрај Џексон Полок и Вилем де Кунинг, тој се смета за еден од најпознатите повоени американски уметници.

Сликарското обележје на Ротко го карактерризира минимален медитативен наратив, најчесто изразен со монохроматски површини вокои доминираат хоризонтални геометриски облици. Истите во окото на набљудувачот се чини како да лебдат во некоја мистично-неонска светлина.

Во неговото рано творештво забележително е значително влијание на надреалистите, посебно на Матис. Во 1926 година почнува да слика во експресионистички манир, а во 1928 година изложува на групни изложби во њујоршките галерии, а од 1933 година прво во Портланд, а потоа во Њујорк се претставува и преку самостојни изложби. Ротко бил фасциниран од Платон и од Есхил, од Ниче, Фројд и од Јунг, додека неговото интересирање за формата или бојата егзистирало само ако тие ги изразувале основните човечки чувства.

Потеклото на поетската апстракција во платната  на Ротко потекнуваат од неговата тенденција да ја престави безличната реалност со сите свои неубедливи призори. Во неговиот ”изолиран”ликовен монолог тој го пронаоѓал сопственото прибежиште од суровиот надворешен свет. И покрај тоа неговите дела во целост ја извршуваат својата мисија разоткривајќи ја психотичноста на модерното живеење. Тие се еден вид на предупредување на конформизмот кој го живееме, но и навидум практичноста на технологијата која изгледа совршено, а во многу брзо би можела да претвори во техноген ад(пекол).

На 25 февруари 1970 година неговиот близок соработник Оливер Стајндекер го пронашол Марк мртов како лежи на подот во кујната. Трагичен крај на генијалниот сликар.

Квадратите на Ротко светат во големиот аквариум на неизмерноста како потонат континет (MERIN).

„Портокалово,црвено, жолто“, од 1956 година, го подобри досегашниот рекорд во продажба на слика на Ротко, беше продадена на 86,9 милиони долари во американската аукциска куќа Кристи. Неговото дело „Бел центар“ во 2007 година беше продадено за 72,84 милиони долари и тогаш стана најскапо продадена слика на аукција за творба од современото сликарство. 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо чест на Карл Лагерфелд!
Следна објаваПесни за жената-Гане Тодоровски
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР