Познатиот моден гениј, Карл Лагерфелд, почина на возраст од осумдесет и пет години …

Како неверојатна креативна индивидуа, Карл Лагерфелд, беше креативен директор на Шанел од 1983 година, ги редефинираше дизајнерските кодови на брендот, создаден од Габриел Шанел, подобрувајќи ги и со помош на нив, создаде една сосема нова димензија во светот на модата.

Со својот неверојатни ум, кој беше исклучително креативен со неограничена имагинација, Лагерфелд го истражуваше животот на многу уметнички хоризонти, вклучувајќи ја фотографијата и кратките филмови.

Освен во модата, тој остави свој личен печат и непогрешлив стил во областа на дизајнот на мебел, внатрешниот дизајн, индустрискиот дизајн, како и во сите негови изјави кои ги даваше. Неговите креации секогаш претставуваа една сосема нова димензија на убавина, кој е невидлива за лаиците, а која ја сподели со остатокот на светот без трага на себичност.

Секогаш самокритичен и спремен на промени, отворен да учи од другите, Карл Лагерфелд беше човек кој никогаш не подлегна на трендовите, туку храбро ги поставуваше без оглед на мислењето на остатокот од светот, кој секогаш го слушаше без прашање и се покоруваше на се што тој кажува, со добра причина.

Неизмерно сме благодарни на г-дин Лагерфелд за се што направи за светот на модата и целото човештвото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрограма во Јавна Соба за оваа недела!
Следна објаваЧовекот кој гледаше реално, а мислеше апстрактно – Mark Rothko
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР