Читањето книги покрај тоа што е една бескрајна возбудлива животна авантура, тоа е и најголемиот облик да ја доживеете духовната среќа во целост. Тоа е еден свет полн со прозорци за сите кои сакаат да збогатат своето знаење и се гледни за нови приказни и мистерии кои се реални но оние кои ја преминуваат границата на реалноста.

Како страствени читатели би требало да знаете дека повеќе часови минати читајќи вие ја збогатувате и ја обликувате вашата личност на најдобар можен начин. Покрај вашите проживеани лични животни искуства, читањето е најефикасниот облик за да се спознаете себе си и својата личност во целост.

Вообичаено е со љубов да се сеќаваме на сите приказни и книги кои ни биле прочитани од страна на наѓите родители, а многу веројатно е дека на сите деца на кои од мали им се влева љубов кон книгата подоцна ќе бидат безрезервно вљубени во книгите и читањето.

Дали некогаш сте размислувале што книгите можат да сторат за вас?

  1. Читањето е облик на слобода, кој ни пружа сигурно засолниште и можност да си изградиме свој сопствен свет, заштитени од сите грижи на овој свет.
  2. Читањето е ефикасен начин каде што се акумулираат сите когнитивни резерви. Со помош на секојдневното читање се намалува можноста за добивање на деменција.
  3. Читањето е начин да се преиспитаме самите себе си. Преживувајќи ги карактерите на ликовите во книгите тоа не поттикнува да размислуваме и за нашите постапки.

Животот ни нуди многу искуства кои треба да доживеат и преживеат, а книгите се едден од најзначајните алатки со кои ќе ги препознаеме и усовршиме споствените емоции.

Читањето го активира умот, срцето вибрира стрепејќи што е следно што че прочитаме во одредена книга. Книгите се најголемото и најзначајното духовно наследство кое го наследуваме.

Бескрајна возбуда и авантура, затоа читајте што повеќе книги,и воспитувајте ги своите деаца да ги сакааат книгите!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР