Монументалното уметничко дело Roden Crater кој преставува кратер на изгаснат вулкан на James Turrell, кој тој го започнал уште во 1972 година од минатиот век конечно е на сигурен пат до негово целосно остварување. Седумдесет и пет годишниот пилот по професија Турел, кој работи на овој артленд-проект повеќе од четири децении, ќе биде реализиран во најскора иднина, објави Државниот Универзитет во државата Аризона, кој патем склучи партнерство со непрофитната организација `Skystone Foundation`, задолжена за обезбедување на потребните парични средства за пректот.

Обезбедени се 40,000,000 долари, а целта е да се дојде до сумата од 200 милиони за да може ова дело да биде реализирано во целост и да биде достапно за пошироката јавност. Со овие средства најпрво ќе се изгради инфраструктурата на местото, каде ќе има и место за посетителите.

Барајќи основа за својата уметност, надлетувајќи ги Rocky Mountains во Arizona, тој го пронашол кратерот Роден. James Turrell е сестрано образуван уметник, по професија пилот тој е образуван од областа на астрономијата, матемар=тиката и геологијата.

Повеќето музеи веќе организираа симултани изложби пред неколку години, меѓу кои се Museum of Fine Art, Museum of Art (LACMA), и Guggenheim Museum.

Генијален проект, погледнете!

Јames Turrell

Една од инсталациите во кратерот Роден е 275 метри долгиот тунел што треба да претставува микро камера низ која посетителите ќе можат да се движат.

Mузичарот Kanye West донирал 10 милиони долари за да го помогне финансирањето на Roden Crater Project

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР