Фондацијата „Onasis Stegi“ во соработка со „British Council“ организираше дводневна програма во културниот центар „Onassis Stegi“ во Атина, со присуство на интернационални гости, плодни дебати и работилници, истражувајќи ја врската помеѓу рачните изработки и одржливата мода.

Премостувањето на културите и взаемното учење, претставуваа клучна компонента на програмата „Crafting the Future”. Учество на настанот зема македонската дизајнерка Ирина Тошева, ментор на проектот #sustainalestorymk, заедно со Светлана Богова Јовановска, основач и продуцент на Моден викенд Скопје.

Преку поврзување на експерти од Обединетото Кралство и мноштво други земји, a со цел да се пренесат знаењата и споделат искуствата на темата, Crafting the Future” им овозможи на културите да се обединат, додека иноваторите да научат едни од други.

Првиот ден се одржа конференција која на едно место собра еминентни предавачи и етаблирани имиња од грчката дизајнерска сцена. Публиката имаше можност да добие увид во предизвиците на модерното време, влијанието на брзата мода врз секојдневниот живот и предложените решенија од професионалците во индустријата.

Меѓу главните говорници беа: Orsola de Castro (Founder & Creative Director of Fashion Revolution), Brigitte Stepputtis (Head of Couture at Vivienne Westwood), Stavros Karelis (Onassis Foundation Creative Consultant, Founder & Buying Director MACHINE-A), Alice Potts (Onassis Fellow), Dimitra Kolotoura (Founder Zeus+Dione). 

Акцентот во текот на вториот ден беше ставен на практична обука на учесниците, во чии рамки се најдоа низа работилници, а опфатени области како етика на снабдувачки синџири, рециклажа и циркуларна модна економија.

Со фокус на рачните изработки како двигател за иновациите, дводневната програма заврши со забавата DiscoMAKE. Сите беа во прилика да донесат облека што повеќе не ја користат, па со помош на млади дизајнери да ги преработат парчињата, продолжувајќи им го животниот век, а со тоа и придонесувајќи кон одржливоста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот Audi Q3 ја доби наградата „Best Cars 2019“
Следна објаваJames Turrell е на сигурен пат да го оствари својот арт-проект,(Roden Crater)!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР