Овие навики ги практикуваат луѓето кои никогаш не се болни

Тие никогаш не се разболуваат, а не се благословени со “натчовечки” имунитет, но тие се грижат за себе и се придржуваат на здравите навики кои вирусите ги држат настрана.

Еве ги “правилата” на луѓето кои никогаш не се болни:

Тие одат во кревет во одредено време

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат осум часови преку ноќта, имаат помала шанса да закачат вирус од оние кои спијат седум или помалку часа. Во текот на ноќта телото се регенерира и ги регулира хормоните на стресот кои нè прават поподложни на разни инфекции. Но, исто така е важно да се придржувате на “часовите за спиење” и за време на викендите. Ќе се чувствувате многу подобро ако  секој ден спиете и станувате во исто време.

Тие јадат “шарена” храна

Ако јадете намирници во различни бои, ќе ги внесете сите потребни хранливи материи. Нека на вашата чинија се најде овошје и зеленчук богато со антиоксиданти како што се тиква, сладок компир и морков (содржат бета-каротин), цитрусно овошје, кисела зелка и пиперка (витамин Ц), бадеми и други јаткасти плодови (витамин Е) и црвено вино (резервол). Антиоксидантите ги ублажуваат штетните ефекти на слободните радикали и ги штитат клетките од распаѓање, помагајќи истовремено да го заштитат телото од вируси.

Тие пијат црн чај

Една студија направена во Америка покажа дека луѓето кои пијат чаша црн чај во текот на денот, генерираат три пати повеќе интерферони, моќен протеин кој ги уништува вирусите кои нè напаѓаат. Ако сакате да го зајакнете вашиот имунитет, пијте чај црн чај наместо утринско кафе.

Тие се дружат

Дружењето со пријателите и семејството ни помага да го надминеме стресот, а при тоа нашиот имунолошки систем функционира подобро. Не го чувајте тоа што ве мачи во себе, решение за проблемот полесно  ќе го најдеме кога имаме поддршка од околината.

Тие носат влечки

Односно … тие ги соблекуваат обувките кога влегуваат во куќата. Прво, така куќата останува чиста и не се разнесуваат бактериите насекаде. А второ, кога стапалата се ладни, мозокот добива порака да “заштеди” на топлината, што значи дека циркулацијата во периферните делови на вашето тело ќе биде послаба. Слабата  циркулација значи помалку бели крвни зрнца кои се борат против инфекцијата, така што вие сте повеќе подложни на вируси.

Внесуваат пробиотици

Добрите бактерии во нашите црева се важни за имунитетот. Ако не сакате да земате суплементи кои содржат пробиотици, внесете повеќе ферментирани производи, јогурт или кисела зелка, на пример.

Вежбаат

Истражувањата покажуваат дека редовната физичка активност го зајакнува имунолошкиот систем. Освен вежбањето, јогата и медитацијата исто така се корисни, па одберете ја активноста која најдобро ви одговара.

Рацете ги мијат, но не се опседнати со тоа

Важно е да ги миете рацете кога влегувате во домот, пред и после подготовката на храната, пред јадење, по користење на тоалетот и по чистењето на носот, кивањето или кашлањето. Ова го намалува ризикот од болест за 16 до 59 проценти, според американскиот Центар за контрола на болести. И не мора да користите антибактериски агенси. Обичниот сапун и топла вода ќе бидат доволни.

Тие гледаат телевизија

Но, не по цел ден, туку само половина час дневно. Таквата пауза со која го “одморате мозокот”, ќе ви направи добро. Кога сме под стрес, кортизолот и адреналинот ги успоруваат белите крвни зрнца, што го отежнува организмот да се “брани” против инфекции. Времето од половина кога гледате некоја серија или емисија, ќе ве опушти и ќе го доведе нивото на овие хормони до нормални граници.

Тие не го допираат лицето

Ако се одвикнете од триење на очите, носот и допирање со раце на устата, ќе го намалите ризикот од респираторни вирусни инфекции за 41 отсто, покажуваат истражувањата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДекорација во домот за 2019 – Што е модерно?
Следна објаваОФИЦИЈАЛНО ГО НАЈАВУВАМЕ – МАЖИ НА ГОДИНАТА 2019
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР