Јапонија е најголемиот потрошувач на туна во целиот свет …

Сепак, не сме знаеле дека нивната опсесија со оваа риба може да ги доведе да потрошат милиони за да набават едно парче од овој морски  специјалитет. Но, и покрај нашето незнаење, за време на неодамна одржаната аукција, еден јапонски тајкун ја купи ретката и џиновска синоперка туна, по цена од 3,1 милиони долари.

Оваа риба ја купи јапонскиот самопрогласен “крал на туната” и сопственик на суши ресторан Кијоши Кимура, кој исто така го држеше и предходниот рекорд за најскапо  продадена туна, кога за неа плати 155 милиони јени во 2013 година.

Туната синоперка тежела 278 килограми и била продадена како дел од новогодишната аукција на рибниот пазар Toyosu во Токио. Оваа туна се смета за една од најквалитетните сорти од ваков вид.

Купувачот на крај додал дека “туната изгледа многу вкусно, бидејќи е голема и свежа. Тоа е добра туна, но мислам дека потрошив многу пари.”

Па, може да се каже дека 3,1 милиони долари е премногу за едно парче риба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗабранетото овошје е послатко!
Следна објаваЖенствена утопија во новата кампања на Chloe!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР