Откриено е, кое е најдобро и совршено време за судбоносното “да” ако сакате да останете засекогаш заедно.

Некои тоа го прават во раните 20-ти години, а другите во средината на 30-тите години. Станува збор за венчавка, односно момент кога двајца луѓе се одлучуваат за заеднички живот за сите останати денови и години. Но, сите ние пред да се одлучиме за овој голем чекор, се прашуваме кога е всушност совршеното време да се каже судбоносноро “да”?

Истражувачите од Универзитетот во Јута откриле кое е најдобро време за тој момент. Врз основа на алгоритми, успеале да ја пресметаат совршената возраст за венчавка  која гарантира долг и среќен брак.

За студијата, социологот Nicholas H. Wolfinger ги анализирал податоците од националната студија за раст на семејството.

Паровите кои се венчале на возраст меѓу 28 и 32 години не се разведуваат толку често како помладите или постарите двојки.

Како резултат на тоа, јасно е дека стапката на разводи се намалува од адолесцентните години до доцните 20-ти години и повторно расте понатаму по 32-годишна возраст и тоа за 5 отсто секоја година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦрвено зајдисонце во новата капања на Прада!
Следна објаваКолекција на торби – Gucci x Walt Disney Mickey Mouse!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР