Индија е држава лоцирана во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски рути.

Индија е втора земја по број на жители во светот со 1,147,995,904 жители и седма по географска големина со 3,287,590 km². Главен град е Њу Делхи.

Културата на Индија е обележана со висок степен на синкретизам и културен плурализам. Културната традиција на Индија датира 8000 п.н.е. и од тогаш е постојано забележувана низ историја повеќе од 2.500 години. Со своите корени зацврстени во традиционалната долина на Инд, индиската култура добива својствени карактеристики во текот на 11-ти век п.н.е. за време на Ведскиот период кога се поставувале темелите на хинду филозофијата, митологијата, книжевна традиција како и верувањата и практиките како што се дарма, карма, јога и мокша. Таа успева да ја зачува традицијата воспоставена при апсорпцијата на нови обичаи, традиции, како и идеи на напаѓачите и имигранти со ширењето на нејзиното културно влијание на други делови од Азија, главно од Југоисточна и Источна Азија.

Индиските религии се едни од најпознатите дефинирачки аспекти на индиската култура. Поголемиот број на Дарма религии кои биле основани во Индија ги вклучуваат и хиндуизмот, будизмот и џаинизмот. Како наследник на античката ведска религија, хиндуизмот е обликуван од различни мислителни училишта врз основа на Упанишаде, Јога сутра и движењето Бхакти. Будизмот потекнува од Индија, во 5 век п.н.е. по што се забележува развој на будистички училишта, како што Тхеравада и Махајана, кои доминираат во текот на Мауријската империја. Иако практувањето на будизмот започнал постепено да се намалува во Индија од 5 век од нашата ера, па наваму, игра значајна улога во обликувањето на индиската филозофија и мисла.

Осмелете се и појдете на едно егзотично патување во Индија, каде сами ќе откриете уште многу интересни авантури …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСамостојна изложба на Симонида Филипова Китановска!
Следна објаваШто бараат миленијалците во еден автомобил?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР