Јапонското јаболко е слатко есенско-зимско овошје. Бојата може да варира од светло-жолта, портокалова или темноцрвена. Може да се каже дека тoа е вистински извор на здравјето.

Јапонското јаболко е полно со антиоксиданти како што се витамини А, Ц и К. Антиоксидантите го штитат телото од ефектите на оксидативниот стрес, кој може да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем и заштита од многу болести.

Јапонското јаболко е богато со диетални влакна, што е клучно за доброто функционирање на дигестивниот тракт. Ова вкусно овошје е и одличен извор на зеаксантин. Овие антиоксиданти, честопати наречени “витамини за очите”, ги штитат очите од болести кои се карактеристични за постарите лица, како што се катаракта и макуларна дегенерација, намалувајќи ги ефектите од оксидативниот стрес.

Едно јапонско јаболко содржи 12,6 mg витамин Ц, што претставува 21% од препорачаниот дневен внес на овој витамин. Консумирање на овошје богато со витамин Ц, го зајакнува имунолошкиот систем и го заштитува телото од инфекции.

Јапонските јаболки се одличен извор на диетални влакна бидејќи содржат 6 грама влакна во еден плод (24% од препорачаниот дневен внес). Диететските влакна се од суштинско значење за намалување на тежината, бидејќи тие го забрзуваат варењето и го намалуваат апетитот.

Исто така, една неодамнешна студија покажа дека јапонските јаболки содржат високо ниво на диетални влакна, минерали и фенолни соединенија кои се клучни во борбата против атеросклерозата (главната причина за срцеви заболувања). Научниците тврдат дека високата содржина на влакна, феноли и минерали го прави јапонското јаболко многу пожелно во антихеротичната исхрана.

Покрај сите овие бенефити кои ги има јапонкото јаболко, како и поради леснотијата во одгледувањето на ова растение, во последно време луѓето сè повеќе одгледуваат јапонско јаболко во нивните дворови. Три до пет години по садењето, се очекуваат првите пупки. Јапонското јаболко цвета во мај и јуни, а се бере само во зима кога сите лисја паѓаат, а остануваат само црвените плодови на гранката. Ова овошје може да издржи многу ниски температури. Експертите велат дека успеваат да издржат и до -20 степени.

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Caprisa”-весели и разиграни торби со интересни принтови!
Следна објаваЗдолништата со миди должина се еден од водечките трендови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР