Копенхаген е главниот и најголем град на Данска. Се наоѓа на источниот брег на островот Зеланд и мал дел на островот Амагер. Тој е политички, стопански и културен центар на Данска. Копенхаген веќе со години е еден од градовите со најквалитетен живот. Истовремено, тоа е еден од најскапите градови на светот, кој исто така нуди незаборавно доживување за време на новогодишните празници.

Копенхаген е вистински Божиќен град, каде што е невозможно да не го поќувствувате духот на Божиќната сезона. Најдоброто место за апсорбирање на атмосферата е на еден од божиќните пазари во Копенхаген, во паркот Tivoli Gardens. За време на новогодишните празници се трансформира со половина милион светла и илјадници новогодишни елки и формира прекрасен централен дел за Вашето празнично уживање. Исто така, во овој период од годината можете да уживате во вкусните, традиционални дански деликатеси кои се служат во најголем број ресторани.

Доколку се одлучите Копенхаген да биде вашата дестинација оваа зима, ќе може да уживате и во разгледување на многубројните знаменитости на градот.  Копенхаген има добро сочуван стар градски плоштад со препознатлив „скандинавски дух“ (едноставни фасади и живи бои, канали, готски цркви и сл.). Градот ја има и една од најголемите пешачки зони, која истовремено е настара на светот, па е гордост на градот.

Кружната кула во градот претставува една од главните туристички знаменитости на Копенхаген. Таа се наоѓа во самиот центар на градот. Заедно со нив е изградена и Црква Света Троица. Државното собрание било некогашен двор на данското кралство, а во денешно време е седиште на законодавството и министерството за надворешни работи. Моноументалната зграда на берзата се наоѓа на брегот на каналот Фредериксхолм. Се одликува од шилести врвови со спирален облик, кој го сочинуваат четири уплетени змаевски опашки.

СПОДЕЛИ
Претходна објава103 Генерации – Нова фестивалска авантура на стотројка
Следна објаваВклучете се е вие во гласањето за избор на Мажи на годината во Македонија за 2018 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР