Загреб – Најдобра божиќна дестинација во Европа

 Загреб е главен град на Република Хрватска и најголем по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град.

Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.

Покрај тоа што претставува историска и култура разгледница, главниот град на Хрватска во последните неколку години е и најбараната дестинација за љубителите на божиќните пазари низ Европа. Неколку пати по ред божиќните пазари во Загреб се избирани како најдобри пазари во Европа, односно “Best European Christmas Destination”.

Пазарите се лоцирани во градскиот парк во Зрињавец, Еврпоскиот плоштад и низ многу други улици и плоштади низ градот. Божиќниот саем исто така е лоциран низ разни улици и плоштади како што се Боговичева улица, Гајева улица, Петричева и Варшавска улица.

Оваа година почувствувајте ја божиќната и новогодишната атмосфера во Загреб и уживајте во претстојните празници и прослави на една од најубавите божиќни дестинации.

Загреб со сигурност ќе го освои вашето срце!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбавина: Новогодишна колекција на Kylie Jenner!
Следна објава“Мажи на Годината 2018„ – промотивното видео за настанот кој за прв пат ќе се одржи во Македонија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР