За сите вас кои сакате да уживате во зимските магии …

Прекрасно, тивко и задоволително рустикално, планинското село Champery во Швајцарија е релаксирачко и прекрасно скриено место за зимски одмори и празници.

Идеално е за скијачи кои сакаат да одат некаде каде што е релативно тивко и мирно, упријатно за очите, со пристап до најдобрите скијачки патеки. Одморалиштето е претежно населено со планински колиби од старо дрва, расфрлани во подножјето на планината. Од тука можете лесно да стигнете до Portes du Soleil, вклучувајќи го и Avoriaz, кој е вистински снежен рај на 1800 метри надморска височина.

Локалните скијачки патеки се отворени и не се застрашувачки, главно се сончеви – што е одлично во утринските часови, но се поголем предизвик во попладневните часови. Постојат два лифта од селото до Planachaux, односно до почетокот на големиот предел Portes du Soleil.

Забава може да се најде насекаде, постојат мноштво од ресторани, вклучувајќи  го и Chez Gaby, со својата класична рустична нота. Секој може да ужива во погледот на прекрасните сончеви падини со снег, зајдисонцето и бесконечниот простор на оваа прекрасна природа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваSидни мурали во слава на 100 години Bauhaus уметничка школа!
Следна објаваФантастичен концерт на Brit Floyd во Скопје
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР