Новогодишната прослава е само една ноќ, ноќ која треба да биде незаборавна. Но, кое е најдоброто место кога часовникот ќе удри полноќ на 31 декември?

Ние ги пронајдовме некои од најдобрите локации низ светот за новогодишната прослава. Но, забавата не мора да престане по новогодишната ноќ, затоа многу градови нудат широк спектар на новогодишни активности и ден-два потоа. Епски емисии на огномети, целовечерни забави за танцување, културни традиции од уникатен вид.

Њујорк

Прославата во Њујорк можеби не е за секого, но не може да се негира фактот дека новогодишната ноќ во Њујорк има магична атмосфера. Најпознат, се разбира, е годишниот собир на еден милион луѓе на Time Square, каде може да се видат познати музичари и спуштање на кристалната топка која е со големина од 12 метри и тежи околу 5 500 килограми. Блескави светла, музика во живо, балони, конфети, огномети …

Рио де Жанеиро

Ако Рио е најпознат по своите карневалски прослави, на второ место се новогодишните прослави. Плажата Копакабана е домаќин на најголемата (и најверојатно најстара) новогодишна забава во светот, на која се присутни повеќе од два милиони луѓе.

Единбург

Новогодишните прослави во Единбург траат по три дена. Започнуванаат на 30 декември со процесија на факелот низ градот што кулминира со огномет, додека новогодишната ноќ е проследена со масивни улични забави и концерти на отворено, вклучувајќија и големата келтска забава позната како Ceilidh.

Лондон

Околу 250 000 луѓе за новогодишната ноќ во Лондон ќе уживаат во десетминутното шоу со огномети и магичното осветлување на London Eye, Домот на парламентот и други познaчајни објекти. Предвидено е учество на повеќе од десет илјади изведувачи од многу земји во светот, музичари и танчери,и познати актери.

“Новогодишна парада – Лондон, престолнина на светот” – е традиционалната прво јануарска парада по улиците на Лондон, оваа година 33 -та по ред, како и читање на новогодишната порака на кралицата со присуство на градоначалникот на Лондон.

Хонг Конг

Едно од најдраматичните светски осветлувања секоја година се појавува токму во Хонг Конг за време на новогодишната вечер кое завршува со блескаво финале: пиротехнички змеј кој танцува низ небото.

Париз

Париз е секогаш спектакуларен, но за новогодишната ноќ станува неверојатно магичен со разните светлечки реквизити, одличните забави, вкусните закуски и вина. Во вечерните часови на Елисејските полиња се прославува Новата година со неверојатен огномет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕва Херцигова е новото заштитно лице на брендот Yamamay!
Следна објаваБојата на лаванда е новиот милениумски хит!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР