Дваесет и девет дела создадени во изминатите пет години, од еден од најреномираните македонски уметници Илија Пенушлиски се дел од изложбата, која се отвори сношти во Културно-информативниот центар.

Илија Пенушлиски е роден 1947 година во Скопје. Дипломирал на Академијта за ликовни уметности во Белград 1971 година. Постдипломски студии завршил на Прат Институтот во Њујорк 1972-73 (Фулбрајтова стипендија). Слободен уметник е од 1971 година. Бројни самостојни изложби во земјата, Европа, САД…

“Моите слики немаат намера да зборуваат за Град што ќе го препознаеме. Тие не се гол резултат на импресии од местата и градовите што сум ги посетил. Најчесто  ни самиот не сум сигурен дали просторот што го сликам сум го видел на јаве или сон, дали сум го видел на друга слика, дали е тоа мозаик од сеќавања на заборавени времиња и цивилизации. Намерата на тие слики е да понудат една идеја за урбана средина, идеја за Град – светилиште.”

“Верувам дека ова се најоптимистичните слики кои сум ги насликал”, вели Пенушлиски.

Изложбата ја отворија директорката на КИЦ Сермие Пурини, сликарот и професор  Рубенс Корубин и Џон Илија Аплгрин, познат музички изведувач.

“Како некој од дамнешните наши претци коишто деноноќно го чувале жарот од огнот и го носеле од место во место, така и Пенушлиски го пренесе сликарството од XX во XXI век, со сите негови вредности, голо, чувствително на поглед и допир. Маестро Илија Пенушлиски е археолог на небото и земјата, но најмногу на душата” – Рубенс Корубин

(извадок од каталогот за изложбата).

Лиле и Рубенс Корубин со Илија Пенушлиски и Илинка Митрева

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМетаморфоза I современ балетски перформанс |
Следна објаваTimberland слави 45 години од постоњето на “yellow boots”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР