„Провери се, никој не гледа“, Bella со моќна кампања се приклучи во подигнувањето на свеста за борбата против ракот на дојка.

Во овие „розови денови“ Bella како општествено одговорна компанија се залага за тоа да допре до дамите и да ја подигне свеста за борбата против оваа болест. Во текот на целиот месец октомври, во продажните салони, Bella ја спроведува герила кампањата со картички закачени на горните парчиња облека. На картичките е испишан моќниот слоган „Провери се, никој не гледа“, а од задната страница со илустрации е претставено упатство за самостојна проверка на градите. Картичките се поставени на видливо место на парчето облека, но својата цел најдобро ја постигнуваат кога дамата ќе се најде сама во гардеробата и има можност да се соочи со стравот и да направи проверка.

Денеска, покрај тоа што една од осум дами во светот се соочува со рак на дојка, оваа болест сѐ уште е тема за којашто никој не сака да разговара. Поради тоа, Bella со оваа кампања ги охрабрува дамите редовно да се проверуваат, задржувајќи ја својата приватност и ги поддржува сите кои се соочуваат со оваа борба.

Како заокружување на кампањата, вчера (24.10.2018) беа запалени розови светла во продажните салони, во чест на сите дами кои ја преживеале, се соочуваат или ја изгубиле борбата со ракот на дојка.

*Кампањата е изработена од маркетинг-агенцијата Masiva

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧифте амам во полн сјај со „Дела од словенечки, хрватски, српски,црногорски и босанско-херцеговски автори“
Следна објаваПредавање на Лиса Нојберг во МСУ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР