Скопје во средата (17 октомври 2018) доживеа културна ренесанса, навидум
„Бела ноќ“, многу настани во една ноќ.

Во изобилието на богатата културна понуда, без лажна скромност, може да се каже дека отворањето на изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски,црногорски и босанско-херцеговски автори“ беше централен настан. Чифте амам блесна во полн сјај, поставката која одзема здив, најбогатата колекција на Националната галерија беше презентирана во формат на проект на европски или светски ранг, каде се беше на свое место бидејки тимот на НГМ се погрижи оваа вечер да биде беспрекорна.

Бројна публика во текот на вечерта се слеваше кон Чифте амам пред, за и по отворањето на изложбата.

Говорниците на отворањето на изложбата кажаа:

„Сите велат, а јас во потполност се согласувам, дека уметноста нема граници, таа напросто ги прескокнува,преминува преку нив, уметноста говори со универзален јазки, точно знае како ќе ги допре нашиот ум и нашите срца, а тоа е убавото и возвишеното во уметноста“ кажа хрватската амбасадорка, госпоѓата Даниела Баришиќ.

Амбасадорот на Р. Словенија во Македонија, господинот Милан Јазбец рече:

„Јас мислам, додека се обидуваме да уживаме во најестетските слики, тие во некоја смисла се музика, ако можеме боите да ги перципираме како музика,тогаш тие бои се врни, и обратно ако врвната музика можеме да ја перципираме како боја, тогаш тоа е тоа…“
Директорката Дита Старова Ќерими на отварањето даде краток осврт:

„Често пати и при значајни изложби,љубопитството на пасионирани љубители и познавачи на уметноста е свртено  и кон депоата на галеријата,поставувувајќи си го во себе прашањето:какво богатство се крие во недостапните простории на галеријата,пластени во текот на децении?

 Овој пат депоата се отвораат за да бидат презентирани 110 ликовни дела (слики и скулптури) од колекцијата на Националната галерија на Македонија.
Се работи за драгоцено ликовно богатство кое денес тешко би можело да се собере во изложба и покрај семожни напори. Нашата изложба на љубителите на уметноста во Македонија им нуди низа значајни и репрезентативни дела во општ преглед на стилскиот и хронолошкиот развој на сликарството и скулптурата создавани од словенечки,хрватски,српски, црногорски, босански ихерговачки автори.

Ни претставуваше чест и пријатна обврска да презентираме во оваа изложба и дел од оригиналната архивска документација поврзана  со формирањето на оваа збирка. Преку презентацијата на оваа документација на најдобар начин се потсетуваме и одаваме признание за огромниот вложен напор, не само на тимот кој ја водел уметничката Уметничката галерија (Борко Лазески,Никола Мартиновски и други), туку и на државните институции кои несебично и со голема историска одговорност ја поддржале оваа акција и придонеле Националната  галерија на Македонија да ја поседува најбогатата збирка од овој тип во Македонија и пошироко. Би сакала во оваа пригода да им одадам признание на сите што работеа од Националната галерија на  на ова изложба а посебно на кураторите на изложбата кустосите Славица Алексоска и Тања Бундалевска.“

Академик Газанфер Бајрам го истакна значението на оваа збирка во едукација на младите ликовни уметници и историчари на уметноста, бидејки преку неа можат да се запознаат со најзначајните правци во една епоха на преминот меѓу двата века.

Величината на настанот ја потврди присуството на дипломатите од Хрватска, Црна Гора, Словенија,Албанија и САД.

Сите што го пропуштија отоворањето ќе можат да ја погледнат поставката секој
ден, сем понеделник, до 18 ноември 2018 година.

Видео од отворањето:

Отворање на изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско – херцеговски автори“

Видео од отворањето на изложбата „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско – херцеговски автори“.Сите кои го пропуштивте отворањето, Ве очекуваме во следните 20 дена да не постетите и уживате во оваа прекрасна изложба од колекцијата на НГМ. Секој ден, освен понеделник, од 10 до 18 часот. Влезницата е симболични 50 денари.

Posted by National Gallery of Macedonia – Национална галерија на Македонија on Friday, 19 October 2018

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава„СТРАШНИ ДЕНОВИ“ ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ
Следна објаваBella со моќна кампања за борбата против ракот на дојка
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР