Дали знаете дека Halloween или „Ноќта на вештерките“ е празник кој се слави секоја година на 31 октомври и се прославува речиси низ целиот свет?

Затоа Скопје Сити Мол во следните денови организира четиридневен настан за сите љубители на „стравот”. Страшната Вештерка ќе раскажува морничави приказни, најмалите креативно ќе се изразуваат на тема „страв” и ќе ја тестираат својата храброст во „кабината на стравот”.

Празникот влече свои корени од Келтите од Ирска, уште од петтиот век п.н.е. бидејќи за нив 1 ноември означувал почеток на новата година. Келтите верувале дека во текот на таа ноќ мртвите ги напуштаат своите гробови и шетаат по Земјата, а за да го избегнат соочувањето со нив, луѓето правеле голема бучава и се прекривале со застрашувачки маски. Иако сè до 19. век, кога обичајот на прославување на Ноќта на вештерките стигнал во Америка, тој ден веќе се одбележувал во разни други земји, со стапнувањето на американско тло стигнала и комерцијализацијата на празникот и негова глобализација. Денес Ноќта на вештерките ширум светот се одбележува со организнирање на големи забави со маски, а многу луѓе се натпреваруваат и во тоа кој поубаво ќе го издекорира својот двор и дом во духот на овој ден.

Во овој забавен период Скопје сити мол на фамилиите ќе им понуди уникатна по програма, составена од „Страшната Вештерката“ која ќе раскажува морничави приказни од кои крвта ќе Ви се заледи, за најхрабрите тест за Вашата храброст во „кабината на стравот“, а за оние кои сакаат да се шетаат со страшна филмска шминка ќе имаат можност да бидат нашминкани од професионален филмски шминкер . Дополнително ќе има Scary Face Paint и балони во страшни форми за најмалите. Креативните работилници се наменети за сите кои ќе сакаат креативно да се изразат на тема “страв“, тикви, маски, пајаци и лилјаци се само дел од декорацијата која најмалите ќе можат да ја направат за време на овие работилници.

Halloween забавата за целото семејство е овој викенд , од 27-28 како и 29 и 31 октомври во Скопје Сити Мол од 18 до 21 часот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTrendy модел – чизми над колена кои ги обожуваме!
Следна објаваЧифте амам во полн сјај со „Дела од словенечки, хрватски, српски,црногорски и босанско-херцеговски автори“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР