„Храбро искравувајќи се во телото како вселенски брод, соочени со непозната и вознемирувачка иднина, ќе работиме на нашите вештини за колективна грижа и издржливост и ќе го споделиме нашето знаење во сесија на дишење, слушање и колективно пишување.“

Нашиот водич на ова патување е Лиза Нојберг, уметничка од Малме, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики. Работата на Нojберг е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела.

Од 2014 година Нојберг е докторски кандидат на PhD-in-Practice програмата при Академијата за ликовни уметности во Виена, со истражувачки проект кој има за цел да артикулира уметничка методологија поставена во границите помеѓу перформансот и педагогијата.

Таа, исто така, редовно предава во уметничките училишта и академии во нордиските земји меѓу кои се вбројуваат The Danish National School of Performing Arts, Konstfack, Valand Art Academy, Malmö University и други. Во моментов е водечки професор и координатор на Malmö Konstverkstad, а повремено работи како лице за развој на проекти во Folkrörelsernas Konstfrämjande.

Своите дела ги изложувала во Konsthall C, Trondheim Art Biennial, Signal – Center for Contemporary Art, Röda Sten, Den Frie Udstillingsbygning, Dunkers Kulturhus, Liljevalchs Konsthall, Gothenburg Art Museum, Rooseum. Таа е добитничка на Едногодишен работен грант доделен од страна на Swedish Arts Grants Committee, студио за работа од IASPIS во Стокхолм, како и грантот за уметнички развој од Malmö City Grant.

Предавањето на Најберг ќе се одржи во петок, 26ти октомври, со почеток во 20:00 часот во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје. Влезот е слободен за сите посетители.

Гостувањето на Нојберг  е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.

Програмите на Проектниот простор Прес ту егзит се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани од Министерството за култура на Република Македонија. Повеќе информации за програмата дистапна на: www.presstoexit.org.mk

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBella со моќна кампања за борбата против ракот на дојка
Следна објаваПочна снимањето на новиот филм на Манчевски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР