Павел Николаевич Филонов,(Па́вел Никола́евич Фило́нов) е роден на 8 јануари 1883 година во Москва. Познат е како “Господар на аналитичкиот реализам” во уметничкиот свет. Живеејќи во течки животни услови тој во 1897 година се сели во Сант Петерсбург каде посетува приватни часови по сликање, за кратко потоа да се запише на Националната Руска Академија по сликарство. Во периодот од 1913 до 1915 тој бил близок пријател со Владимир Мајаковски и други тогашни авангардни уметници. Дека љубовта непознава граници е токму овој пример со Филонов кој бил вљубен и оженет со Катја која била постара од него цели 20 години, но тоа нему не му пречело дури да ја вика “малечка моја”. Живеејќи во тешки услови кога неговите слики не се продавале тој напорно работел за да заработи. Сакајќи да и подари на својата сакана нешто скапо и убаво тој дошол на идеја да слика на ткаенина, техника која во уметноста е позната како (Batik). 

Умира во голема сиромаштија, а неговите дела ги сочувани од страна на неговата сестра Евдокиа Галебова, која еден дел од платната ги подарила во вид на донации.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР