Претходно оваа година пишувавме дека актерот Рајан Рејнолдс ги откупи сопственичките права за брендот Aviation American Gin од Орегон.

Никој тогаш не претпоставуваше дека Рејнолдс планирал да го направи брендот успешен, да се вивне скоро до небото. И тоа во буквален смисол, бидејќи актерот неодамна најави партнерство со авиокомпанијата Virgin Atlantic која овој пијалок ќе го служи на посебни летови.

Коментирајќи за оваа соработка, сер Бренсон рече: “Драго ми е што Virgin Atlantic  соработува со Рајан и неговиот тим. Чест ни е што сме избрани да го понудиме Aviation Gin на нашите летови”.

Рајан исто така е возбуден и вели: “Јас сум голем обожавател на Ричард Бренсон и неговата компанија многу години. Со нетрпение очекуваме да го служиме Aviation American Gin на летовите на Virgin Atlantic.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗвуците на германскиот Октоберфест!
Следна објаваRALPH LAUREN – еклектична колекција за есен 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР