Еден од најпознатите дизајнери и неговиот бренд неодамна прославија 50 години постоење.

Да, станува збор за американски моден гуру Ралф Лорен, кој веќе половина век е во модата. Бидејќи станува збор за голем јубилеј, дизајнерот одлучи да го прослави на најнезаборавен можен начин.

Модната писта беше поставена на една од најпопуларните атракции во Њујорк, во Централ Парк, а Лорен ангажираше луксузни кочии за да ги донесе своите гости до местото, а потоа ги пречека со коктел.

“Мислам дека младите жени и мажи сакаат анти-мода. Бев потполно инспириран да го направам тоа. Колекцијата е винтиџ, индивидуална, еклектична и уникатна, a  нема никаква врска со актуелните трендови. Тоа е важно за секое живо суштество, без разлика кој сака да биде и што сака да облече “.

Колекцијата за есен 2018 година е иконична на многу начини. Ги вклучува сите карактеристики кои брендот Ралф Лорен го направија безвремен, во текот на изминатите 50 години. Ова не е инстант мода која сите ја носат. Дизајните прикажани на ревијата се поврзани со наследството и претставуваат линија која ќе биде модерна и во следните 50 години.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРајан Рејнолдс и Ричард Бренсон во нов заеднички проект!
Следна објаваБиблиотеката “Клементинум” во Прага!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР