Едно од најважните барокни зданија во Прага е несомнено библиотеката “Клементинум”(Clementinum). Лоцирана во непосредна близина на Карловиот мост, за прв пат е отворена во 1922 во рамките на Језуитскиот Универзитет. Со текот на времето таа ја менувала својата намена но најчесто била во својство на библиотека.

Денеска во неа е сместена националната библиотека на Република Чешка. Според историски извори на местото на библиотеката се наоѓала капела подигната во чест на папата Клементе I.  Ова велелепно здание со векови служело како манастир, а во 1556 година тука е основан Језуитскиот универзитет.

Библиотеката е типичен пример на барокна архитектура која не претрпела никакви промени од нејзиното создавање. Зидовите и таваните се украсени со фрески кои ги изработил Jan Hiebl. Во средиштето  се поставени големи географски глобуси кои се дела на Језуитите. Интересни се и астрономските часовници дела на Jan Klein.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР