Патувањето низ Европа на eсен, значи помалку топли денови, идилични временски услови и подобри цени, заедно со спектакуларениот пејсаж на есенските бои. Многумина сметаат дека есента е најбогата сезона во годината.

Ако наскоро размислувате да паувате низ Европа, овие градови се нашиот предлог за оваа есен.

  1. Perthshire, Шкотска

Perthshire, честопати нарекуван “земја на големите дрва”, е едно од најпопуларните  места на Европа, по есенските бои и својата прекрасна природна убавина. Тука, езерата и реките ја рефлектираат светлината на златото и бакарот на покриените дрвја, што го прави ова место идеално за истражување и импресивно фотографирање. Ќе наидете и на некои од најпознатите неверојатни места во близината на Лох Туммел, Нок Хил и други.

  1. Бриж -Bruges, Белгија

Средновековниот град Бриж со падот на црвените и златни лисја на есен,  станува еден од најубавите градови во Европа покривајќи ги историските градби со богати есенски нијанси. Боите што се рефлектираат во каналите создаваат посебно романтична сцена. Посетете некои од пазарите на отворено во градот кои обично се отворени до ноември. Ова е, исто така, совршено време да ги вкусите познатите  чоколади во форма на пијалоци. Вкусете го и најдоброто какао во De Proeverie и веднаш ќе се вљубите во овој совршен град.

  1. Баварија, Германија

Во Јужна Германија ќе ги најдете најспектакуларните сценографии во Европа со бескрајни алпинистички шуми. Ова е сезона на многу вински фестивали, за најпознатиот Октоберфест, како и за активности на отворено, пешачење на Алпите, јавање на коњи и дегустирање на локалните вина по баварските винарии. Исто така, постојат и околу 25 историски замоци и палати кои вреди да ги посетите.

  1. Дубровник, Хрватска

Овој прекрасен хрватски град долж Јадранскиот брег е одлично место за есенски одмор по пониски цени. Во ова време од годината времето е сеуште топло, но гужвите се помали. Градот е одличен за планински прошетки опкружени со неверојатни предели и есенск бои.

  1. Будимпешта, Унгарија

Будимпешта е исто така идеална да се посети на есен. Во текот на оваа сезона, Унгарците ги слават националните пијалаци и храна, со разни фестивали. Ова е одличен град за есенски прошетки, а падот на лисјата го прави идеален за прошетки, културни истражувања и одмор во пријатните кафулиња. Патниците исто така можат да ги посетат околните вински региони за да ја доживеат жетвата во Егер, Токај или Вилани.

  1. Трансилванија, Романија

Трансилванија веќе долго време е место натопено во легендата и прекрасни слики од средновековните замоци и совршена месечина. Есента тука е одлична за фотографирање и создавање вистински уметнички дела.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУрбани дестинации за кампување!
Следна објаваНови Prada чизми со отворени прсти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР