Овогодинешното издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” ќе се одржи од 22 до 29 септември. Под слоганот “Симнуваме капа” во овие седум дена ќе бидат прикажани вкупно 95 филмови. Отворањето на фестивалот ќе го одбележи прикажувањето на краткометражниот филм на режисерот Игор Иванов Изи, “Љубовникот”.

На првата фестивалска вечер  посетителите ќе можат да го проследат филмот “Истребувач 2049” во чест на оскаровецот Роџер Дикинс кој е овогодишен добиник на наградата за животно дело “Златна камера”.

Последниот ден по доделувањето на главните  награди ќе биде прикажан краткиот филм “Скаут” на македонскиот режисер Алекс Цветков кој живее и работи во САД.

Овогодинешна гостинка на фестивалот ќе биде филмската звезда Клаудија Кардинале.

Фестивалскиот спот го изработи режисерот Вардан Тозија во соработка со Вертиго визуел, како и со младите соработници од ФДУ од Скопје.

39 Манаки

Погледнете го фестивалскиот спот, кој го изработи режисерот Вардан Тозија во соработка со Вертиго визуел, како и со младите соработници од ФДУ од Скопје.

Posted by International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS on Friday, 7 September 2018

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР