За разлика од луѓето кои имаат емоции, роботите вообичаено се опишуваат како ладни и не многу грижливи, кои ги базираат сите свои постапки и одлуки по информациите и податоците што им се на располагање.

Но, една студија на истражувачите од Универзитетот во Чикаго откри дека роботите всушност имаат способност да развијат предрасуди како и луѓето, пишува TechCrunch.

Студијата вклучила истражувачи кои поставиле симулирана игра каде што роботите можат да одлучуваат дали сакаат да им подарат нешто на другите роботи внатре или надвор од нивната група. Ова се базира на репутацијата на секој робот и стратегијата на донации.

Истражувачите откриле дека со текот на времето имало пораст на предрасудите кон роботите кои не биле дел од внатрешната група. Во над илјада симулации, роботите ги научиле новите стратегии со копирање од другите во или надвор од нивните групи.

Студијата потврдила дека стратегиите кои роботите ги копирале едни од други дале подобри резултати во краток временски рок, што укажува на тоа, дека не е нужно висока когнитивна способност да се развијат предрасуди.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJuvia’s Place омилен бренд на Инстаграм!
Следна објаваПравила за успешен shopping!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР