Повеќето жени го знаат ова сценарио: гардероер полн со облека, а немате што да облечете?

Проблемот е во непланираното и неефикасното купување кое резултира со ист резултат: многу облека која не ја носите и никогаш немате спремни комбинации.

Следниот пат кога ќе одите на шопинг, внимателно размислете за супер комбинации па веќе нема да имате проблем со прашањето што да облечете додека бесно гледате во преполниот гардеробер.

Не ја трошете заштедата на трендовски парчиња
Ако немате пари да си дозволите скапи дизајнирани парчиња кои се моментално во мода, изберете поевтини трендовски варијанти. Независно од цената, парчињата кои се моментално актуелни имаат свој датум на истекување, па затоа нема смисол да се трошат премногу пари на нив.

Купете само тоа што вам ви одговара
Заборавете на класификацијата според принципот “кога ќе ослабам”, “кога ќе се исончам” и слично. Тоа не функционира. Купете го само тоа што навистина ви одговара, што добро ви стои и во кое не само што добро изгледате, туку така и се чувствувате, токму сега, во овој момент.

Изберете квалитет наместо квантитет
Повеќе не значи подобро. Наместо секој ден да купувате по некој мајца, подобро е еднаш месечно да купите две-три добри парчиња, кои можете да ги комбинирате со различни парчиња. Така ќе добиете различни комбинации, а облеката ќе трае подолго.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРоботите можат да развијат предрасуди!
Следна објаваВидео од новата колекција на Kendall + Kylie!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР